„Граѓаните“ подготвија 70 милиони евра за крај на преодниот рок


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Манчестер сити очигледно го реши прашањето за проблемот на бековската позиција, но тоа нема да биде единствен трансфер, кој ќе го направат „граѓаните“.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо открива дека Сити му соопштил на Атлетико Мадрид дека ќе ја исплати откупната клаузула од 70 милиони евра за Родри.

Атлетико е немоќен да го задржи 22-годишниот фудбалер, но замената е подготвена и тоа директно од Реал Мадрид.

Диего Симеоне го посакува Маркос Љоренте, кој ќе стигне на местото на Родри, а за неговите услуги Атлетико ќе плати околу 40 милиони евра.

Јасно е дека Реал не сака да му продава фудбалери на градскиот ривал, но поради примамливата понуда би можеле на крајот да се согласат на такво нешто.