„Граѓаните“ се засилуваат: Гвардиола го договори првото засилување!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалска „А Бола“ пишува дека Манчестер сити се договорила со управата на Спортинг Лисабон за услугите на 24-годишниот Бруно Фернандез.

Фернандез ги воодушеви европските гиганти со неговите настапи во дресот на Спортинг, а неговиот потпис најверојатно ќе го добие Сити, кој ќе плати повеќе од 50 милиони евра.

Фудбалерот на Спортинг сезонава одигра 49 натпревари во сите натпреварувања и посигна 28 гола и 16 асистенции.

Сити ќе добие освежување во офанзивниот дел од играта, а тоа е фудбалер кој може да го реши мечот, но сепак треба да видиме како ќе се прилагоди на Премиерлигата.

Фернандез беше стандарден член на репрезентацијата на Португалија и за нив одигра 11 натпревари, а притоа постигна еден гол.