Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џенова прокоцка предност од два гола против Лече (2-2), откако водеше со 2-0 во првото полувреме, но потоа следеше пад во играта на гостите.
Македонскиот фудбалер Горан Пандев донесе водство за гостите со феноменален погодок во 31. минута (1-0), а Џенова зголемина 2-0 во петтата минута од надополнувањето во првото полувреме.
Во вториот дел Фалко намали на 1-2, а тоа внесе доза на нервоза во екипата на Џенова, по што тие добија црвен картон во 69. минута, а веднаш потоа следеше и гол за 2-2.
Потоа следеа два жолти картони за Пандев, кој мораше мечот да го заврши во 77. минута, а Џенова успеа да освои бод на крајот.