Грчевски: Некои ракометарки треба да размислат дали го заслужуваат дресот на Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера, македонската женска ракометна репрезентација доживеа пораз од Унгарија со резултат 19-29. Селекторот Кристијан Грчевски ги означи промашените шанси како главни фактори за неуспехот.

Грчевски изјави дека ќе бидат направени промени во тимот, затоа што некои ракометарки треба да размислат дали навистина заслужуваат да бидат дел од репрезентацијата.

„Одигравме одлично, особено во првото полувреме. Но, во вториот дел почнавме да нè изневеруваат чистите ситуации и не си смеевме да позволиме такви грешки. Има ракометарки кои покажаа дека местото им е тука, но има и такви што треба да се прашаат дали се достојни за репрезентацијата или треба уште да се трудат за дресот кој го носат“, кажа Грчевски.