Грчки АЕК го замолче „Максимир“ во 90. минута (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб и АЕК од Атина одиграа одличен меч во Загреб, а на крајот гостинскиот тим славеше со 2-1 во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот на АЕК најави дека фудбалерите ќе играат за загинатиот навивач во Атина, но Динамо Загреб прв постигна гол за водство од 1-0.

Радоста на хрватската екипа траеше до 59. минута кога Зубер стрелаше за 1-1, додека Галанопулос ги постави конечните 2-1 во 90. минута.

За неколку дена се игра реваншот во Грција, каде што Динамо ќе се обиде да го изненади грчкиот тим.