Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Главна тема во регионот е убиството на 29-годишниот Михалис Кацурис во пресрет на дуелот меѓу Динамо Загреб и АЕК во Атина во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).
Полицијата приведе 104 хулигани, кои беа сослушани денеска пред судија и ја чекаат казната, а засега не е познато дали ќе завршат зад решетки.
Грција минатата година ги заостри законите кога беше убиен 19-годишниот Алкис Кампанос додека седел во парк во Солун.
Алкис и неговите пријатели биле нападнати од навивачи на ПАОК, а потоа полицијата ги приведе напаѓачите и седум од нив добија доживотен затвор.