Грег Попович сакаше да се пресмета со судијата, но играчите на Спарс експресно реагираа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Сан Антонио Спарс синоќа беа поразени на свој паркет против Сакраменто Кингс со резултат од 113:106.

Во одличниот натпревар, Сакраменто со неверојатна игра во последната четвртина успеа да дојде до победа над Спарс, но после натпреварот сите зборуваа за тренерот на домашниот тим, Грег Попович.

Попович беше исклучен на почетокот на третата четвртина откако беше бесен на едниот судија заради одлуката која му штетеше на тимот на Сан Антонио.

Судијата направи грешка кога не сакаше да признае, а Попович не можеше да го толерира тоа.

Тој беше бесен дури и тргна да се пресмета со него, но за среќа играчите успеаја да го запрат.