Грешката на Пеп: Платен е 65 милиони евра и подготвен е да замине!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола инсистираше да го купи Емерик Лапорт, кој стигна во јануари 2018 година и тогаш стана втор најскап фудбалер на Манчестер сити откако беше платен 65 милиони евра на Атлетик Билбао.

Меѓутоа, три години подоцна ситуацијата целосно се промени, Лапорт имаше многу проблеми со повреди од доаѓањето во Сити, а кога стигна Рубен Дијаз од Бенфика, целосно испадна од тимот и одигра само осум меча сезонава.

Лапорт е расположен да ја промени средината, а според медиумите во Англија, за него интерес покажале Реал Мадрид и Милан, а тоа што е сигурно е дека Сити ќе се соочи со голема загуба затоа што цената на Лапорт во моментов е 30 милиони евра.