Грилиш ќе дебитира за Манчестер сити утре на „Вембли“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити новата сезона ќе ја почне со мечот против Лестер сити во Комјунити Шилд, кој се игра традиционално во август.

Сити ќе биде фаворит против Лестер во дуелот меѓу освојувачот на Премиерлигата и Купот, а може да се очекува возбудлив натпревар.

Ова би можел да биде и натпреварот и шанса за Џек Грилиш да дебитира во дресот на „граѓаните“, а таа вест ја најави и „Скај Спортс“.

Грилиш со Манчестер сити потпиша договор до 2026 година, а во следната сезона ќе го носи дресот со бројот 10, кој досега му припаѓаше на Серхио Агуеро.