Грилиш претера со алкохолот и се направи „дрво пијан“ 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити ќе си има проблеми со англискиот репрезентативец Џек Грилиш, кој почна да прави проблеми, па така синоќа излезе во ноќен клуб и претера со алкохолот.

Грилиш беше на забава со неговите соиграчи Ријад Марез и Кајл Вокер, но не се појави пред камерите во добра состојба.

Снимката која се појави на социјалните мрежи покажува дека Грилиш беше „дрво пијан“ и претерал со алкохолот, а засега нема реакција од тимот.

Ова нема да му се допадне на Пеп Гвардиола, кој има големи проблеми со однесувањето на неговите играчи, а Грилиш пред два месеци беше исфрлен заедно со Фил Фоден од екипата поради лоша форма.

Грилиш пристигна во Манчестер од Астон вила во рекорден трансфер од 100 милиони фунти, а досега одигра 24 меча и постигна по три голови и асистенции.