Грилиш за животот во Манчестер сити: Многу е потешко отколку што очекував!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џек Грилиш кажа дека може да биде многу подобар во дресот на Манчестер сити, но за тоа му е потрено повеќе време за да се прилагоди на начинот на работа на Пеп Гвардиола.

Грилиш стигна минатото лето од Астон вила во трансфер вреден 100 милиони фунти, а потпиша договор до 2026 година, па на 20 натпревари во сите конкуренции постигна три гола и три асистенции.

„Досега бев добар, но можам да понудам многу повеќе. Потешко е од што мислев дека ќе биде. Уште учам и се прилагодувам, слушнав дека на некои луѓе им треба една година за да се прилагодат, па можеби и мене ќе ми биде потребно толку време. Кога ќе ве платат 100 милиони фунти, од вас се очекуваат чуда, но јас се надевам дека ќе се одолжам со голови и трофеи“, вели Грилиш.