Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Синоќа се одигра пријателски натпревар помеѓу Олимпик Марсеј и Астон Вила, а Мејсон Гринвуд повторно на неубав начин привлекол внимание во фудбалската јавност.
Олимпик Марсеј на Мејсон Гринвуд вчера одигра пријателски натпревар против Астон Вила и победи со резултат 3:1.
Гринвуд постигна гол за водство на францускиот тим во 5-та минута, а Мекгин изедначи резултат само три минути подоцна.
Во второто полувреме се „покажа“ искусниот Обамејанг и постигна два гола, прво во 76-та минута, а потоа и во 79-та минута за крајниот резултат (3:1).
Она што повеќе ја привлече вниманието на фудбалската јавност од самиот резултат е срамотното однесување на контроверзниот Гринвуд.
Имено, тој прво го фаулираше Андре Онана така што го удри со задниот дел од коленото, што и не би било ништо чудно, да не го плукна после тоа.
Со тоа предизвика бурна реакција кај присутната публика, но и кај играчите на Астон Вила кои застанаа во одбрана на својот колега.
Најмногу во тоа се истакна капитенот на англискиот тим – Тајрон Мингс кој иритиран тргна кон Гринвуд.
tyrone mings i love you with my whole heart pic.twitter.com/kiBMTWPztx
— catrin (@catrinavfc) August 9, 2025