Гризман „избега“ од Барселона два часа по мечот против ПСЖ 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Роналд Куман на своите фудбалери им даде два дена одмор по што Антоан Гризман реши да ги искористи и да замине од Каталонија.

Иако уште не ги оладија главите од дебаклот против ПСЖ (1-4), Гризман ја напушти Шпанија, додека неговите колеги заминаа во своите домови.

Камерите го снимија Гризман како заминува од аеродромот, а неговата следна дестинација во наредните два дена ќе биде Франција.

Овој 29-годишен фудбалер ќе ги искористи слободните денови да го посети своето семејство во Франција.

При „бегството“ од Каталонија се маскираше, но новинарите го забележаа и не можеше да им избега, а и покрај тоа не сакаше да даде изјава.