Гризман откри на кој начин ќе ги дознаваат резултатите од тестовите во Барселона


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона стигнаa во тренинг-кампот, каде што беа тестирани на коронавирусот, а потоа направија медицински прегледи.

Играчите и членови на првиот тим на каталонскиот клуб по речиси два месеци повторно се вратија во тренинг-центарот, а доколку нема проблеми, ќе продолжат со тренинг во петок.

Откако ги завршија тестовите, прв кој се обрати кон јавноста беше Антоан Гризман. Францускиот напаѓач откри дека тестовите минале во најдобар ред, па сега се чекаат резултатите.

Гризман призна дека сите играчи едвај чекаат да продолжат тренинзите, а откри како ќе ги добиваат резултатите од тестовите.

„Се тестиравме на коронавирус. Утре преку Ватсап ќе ги дознаеме резултатите од тестовите. Се надеваме дека се ќе биде во ред“, кажа Гризман.