Гризман: Сè ќе биде различно во реваншот


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Барселона извлече нерешено против Наполи во вторникот и има многу добри шанси да оди понатаму во реваншот.

Беше 1:1, а единствениот гол за Каталонците го постигна Антоан Гризман.

Тој се осврна и на самиот натпревар.

“Дојдовме да победиме, игравме да победиме, но не успеавме. Ние нападнавме додека мечот течеше, видовме дека тие се уморија”, рече Гризман.

Барса е голем фаворит во реваншот што ќе се игра на 18. март. Сепак, Каталонците се свесни дека не ги чека лесна работа. Сепак, тие веруваат дека ќе ја наметнат својата игра и ќе ја постигнат целта.

„Сега нè чека реваншот и сè ќе биде сосема поинакво. Ќе направиме повеќе простор за игра и треба да славиме пред нашите навивачи“, рече напаѓачот на Барса.

Барселона во недела го очекува големо домашно дерби против Реал Мадрид.