Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Антоан Гризман замина од Барселона и се врати во Атлетико Мадрид, откако каталонскиот гигант не беше задоволен од неговите настапи.
Каталонците за Гризман во 2019 година платија 120 милиони евра, колку што изнесуваше откупната клаузула, но Французинот разочара и се врати во Атлетико.
„Бев среќен кога потпишав за Барселона. Имав одлични соиграчи и научив многу од нив. Никогаш не бев лош, мислам дека имав по 20 гола по сезона. Горд сум што играв за Барселона во мојата кариера“, вели Французинот.
Гризман добро ја отвори сезоната и со Атлетико, па на 15 натпревари во сите натпреварувања постигна пет голови.