Гркот Јанис ги уништи „воините“ (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Милвоки бакс славеше во дербито против Голден Стејт вориорс со 129-118, а повторно најдобар во победничкиот тим беше Гркот Јанис Адетокумбо.

Адетокумбо постигна 33 поени, а на паркетот му помогнаа и Демиен Лилард со 27 и Крис Мидлтон со 24 поени. Најдобар во редовите на „воините“ беше Џонатан Куминга со 28 поени.

Милвоки е второпласиран во Источната конференција, додека Голден Стејт е на 12. место во Западната конференција.