Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумпо се вознемири поради прашање на новинар по елиминацијата на Милвоки бакс од плејофот во НБА-лигата.
Ѕвездата на Милвоки одигра одличен меч против Мајами и постигна 38 поени и 20 скокови, но неговиот тим загуби по четврти пат, по што новинарот го праша Адетокумпо дали мисли дека оваа сезона била неуспешна.
„Ми го постави истото прашање и минатата година, Ерик. Дали секоја година добивате унапредување на вашето работно место? Не, нели? Значи, дали секоја година на работа е катастрофа за вас? Мајкл Џордан играше 15 години и освои шест титули. Дали другите девет години му беа катастрофа?“, праша грчкиот кошаркар.