Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
ПСЖ загуби од Борусија Дортмунд со 1-2 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампион, а единствен стрелец за парижаните беше Нејмар, кој доби критики и покрај погодокот.
Бразилецот за лошиот настап на фудбалерите го обвини персоналот на клубот и тренерот Томас Тухел.
„Поради докторите не играв четири меча и логично е да не сум во форма. Клубот реши да не играм, иако со тоа не се сложив. По Лион бев подготвен за меч“, кажа Нејмар.
Бразилецот поради повреда на ребрата имаше пауза.
„Разбирам дека се плашеле затоа што бев повреден во последните две години, но ако бев подобро подготвен, тогаш сигурно ќе одиграв подобро против Борусија“, заклучи Нејмар.