Гром погоди млади фудбалери на сред натпревар (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вознемирувачки сцени беа видени на натпревар во Бирмингем помеѓу тимовите на Јамајка Колеч и Волмер Скул фор Бојс, на стадионот „Сент Ендрју“.

Натпреварот беше одигран во рамките на Манинг купот на кој се натпреваруваат тимови од училиштата во Англија, а во еден момент двајца фудбалери беа погодени од гром.

Натпреварот веднаш беше прекинат, а на младите момчиња им беше укажана помош. И двајцата ноќта ја завршиле во болница, но се уште нема детални информации за нивната состојба.