Грозни објави на Антетокумпо: Навреди кон Леброн и Коби Брајант, Бакс ги нарече расистички тим (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Профилот на Твитер на суперѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо, беше хакиран, па потоа беа објавени неколку грозни објави.

Антетокумпо беше жртва на хакерски напад во четвртокот, така што беше потврдено дека, меѓу другото, неговиот Твитер, е-мајл и банкарска сметка се хакирани. Тој успеа да врати сè брзо, но имаше неколку невкусни објави на Твитер насочени кон Стеф Кари, Леброн Џејмс и покојниот Коби Брајант.

Твитовите беа брзо отстранети, а Милвоки Бакс објави дека во тек е истрага за овој незаконски чин во кој грчкиот кошаркар останал привремено без пристап до сопствените социјални профили.

Кошаркарот наскоро одговори и се извини, особено на поединците и семејствата кои беа навредувани на неговиот профил на Твитер.

“Се чувствувам многу страшно што Бакс, Крис, Леброн и семејството Кари беа вклучени во злонамерни и невистинити твитови. Се чувствувам особено непријатно за семејството Брајант. За време на нивната тага не треба да бидат изложени на тој вид негативност и лошо однесување”, рече Јанис.

Погледнете ја серијата на навредливи и несоодветни натписи, кои Антетокумпо ги избриша.