Грузија ја налути Шпанија, па прими четири гола и се збогува од ЕП


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанија стана четвртиот патник во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Германија, откако вечерва триумфира против Грузија со 4-1.

Грузија поведе во 18. минута со автоголот на Ле Норманд, а тоа ја налути „црвената фурија“ која набрзо преку Родри израмни на 1-1.

Шпанците постигнаа уште три гола во вториот дел, и тоа преку Руиз, Вилијамс и Олмо за триумф од 4-1.

„Црвената фурија“ со оваа победа се пласира во четвртфинале каде што ќе се соочи против Германија.