Ѓулер го откри својот прекар во соблекувалната на Реал Мадрид (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот турски талент Арда Ѓулер минатото лето пристигна за 20 милиони евра во Реал Мадрид и му се предвидува голема иднина во шпанскиот гигант.

Ѓулер се соочи со неколку повреди, но сега конечно почна да добива шанса и да го покажува својот квалитет во дресот на „кралевите“.

Турчинот е означен како наследник на Лука Модриќ, а за тоа зборуваше и Ѓулер во интервју за „Кафа Спорт“.

„Сите ме викаат Аби, односно братче. Се изненадив кога Модриќ ме нарече така“, кажа Ѓулер.