Ѓулер го живееше најубавиот сон, а потоа сè пропадна!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот турски фудбалер Арда Ѓулер ова лето пристигна во Реал Мадрид од Фенербахче за 30 милиони евра, меѓутоа се повреди во најлош момент.

Ѓулер се врати од американската турнеја за да има дополнителни медицински прегледи, но последните прогнози не се добри и ќе му го урнат сонот.

Турчинот се здобил со повреда на менискусот и докторите го советувале да се оперира, па сега младиот фудбалер треба да донесе конечна одлука.

Доколку направи операција, Ѓулер го чека пауза од најмалку четири-пет месеци, а тоа значи дека ќе пропушти половина од сезоната.