Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Арда Гулер тврдеше во почетокот дека воопшто не го интересира заминување на позајмица од Реал Мадрид оваа зима, се чини дека турскиот репрезентативец би можел да се премисли бидејќи наводно пристигнала понуда која го натерала на размислување.
Гулер дојде во Реал Мадрид летото 2023 година кога кралскиот клуб плати 20 милиони евра на Фенербахче, и тој заврши во Мадрид иако претходно имаше сѐ договорено со Барселона.
Минатата сезона за Гулер не беше баш најдобра бидејќи поголемиот дел воопшто не играше, но Карло Анчелоти му даде шанса во финалето кое Турчинот го искористи.
Гулер пружи неколку сјајни игри во крајот на сезоната и покажа за каков потенцијал станува збор, а тоа го потврди и во дресот на Турција на последното Европско првенство.
Како што сезоната минува, се покажува дека тоа и не е така бидејќи Гулер воопшто не е задоволен со минутажата што ја има, и незадоволството на младиот играч е сѐ поголемо.
Поради тоа повторно се појавија шпекулации дека Гулер веќе во јануари ќе го напушти Реал Мадрид и ќе оди на позајмица. Турчинот беше поврзуван со неколку клубови од Шпанија, а се појави информација дека го сака и Манчестер Јунајтед.
Сепак, тие понуди Гулер ги одби и порача дека не го интересираат и дека му е цел останување во Реал. Но, се чини дека овој пат пристигнала понуда поради која би можел да се премисли.
Медиумите во Шпанија, Италија и Турција утрово пишуваат дека огромен интерес за Гулер покажал Наполи кој сака младиот талент да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.