Ѓулер откри зошто ја одбил Барселона – имал големо ветување од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арда Ѓулер минатото лето пристигна во Реал Мадрид од редовите на Фенербахче, па од него се очекува во следните години да биде лидер во шпанскиот гигант.

Ѓулер имаше неколку понуди, а за неговите услуги сериозно беше заинтересирана Барселона, која во него гледаше долгорочен проект, но Реал имал подобро ветување за Турчинот.

„Сонувам за Реал Мадрид од дете. Реал за време на преговорите ми вети дека ќе бидам наследник на Лука Модриќ и тоа ме убеди. Ми понудија долгорочен проект, бев убеден во мојата одлука“, кажа Ѓулер.