До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид, иако без поголемиот дел од првотимците, го пречека Елче и сепак дојде до рутинска победа со резултат 4:1 во натпреварот од 28. коло на шпанската Ла Лига.
Со оваа очекувана победа, Реал се доближи на еден бод до водечката Барселона, па сега Кралевите се надеваат дека Каталонците утре, со некакво чудо, ќе ја пропуштат можноста да ја победат Севиља на домашен терен.
„Кралевите“ ја покажаа својата моќ, иако Алваро Арбелоа не ги имаше на располагање многу важни играчи како што се Мбапе, Алаба, Асенсио, Белингем, Себаљос, Милитао, Карерас, Мансантуоно, Менди, Родриго…
Ваква “лесна” утакмица вечерва беше потребна на Реал пред реваншот со Манчестер Сити на Етихад во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде ќе ја чуваат предноста од три гола од првиот дуел.
Во самиот финиш, четвртиот гол за Реал го постигна Арда Гулер, кој погоди од 60 метри!
.
















