Гундоган го отвори срцето: Расте желбата кај противниците да нè победат


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер сити Илкај Гундоган изјави дека искусните играчи имаат голема одговорност да им помогнат на помладите соиграчи да го пребродат тежок период низ кој англискиот клуб поминува, пренесуваат британските медиуми.

Манчестер сити моментално се наоѓа на петтото место на табелата на Премиер лигата со 48 бодови.

– Овде имаме неколку искусни играчи со многу искуство. Тоа носи одговорност. Иако досега во скоро секоја сезона сме минувале главно преку позитивни моменти и сме освојувале трофеи, секогаш сме знаеле дека ќе дојде момент кога работите ќе станат потешки. Гладта да не победат само се зголемува. Не верувам дека сите сакаат да не гледаат како освојуваме титули секоја година, така што ова е нормално. Тоа е предизвик, особено за нас искусните играчи. Имаме голема одговорност, не само кон помладите, туку и кон новајлиите во екипата, рече Гундоган.