Гундоган: Не ми беше лесно во Барселона, но си го остварив сонот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундоган минатата сезона го носеше дресот на Барселона, но во каталонскиот гигант остана само една година.

Гундоган не освои ниту еден трофеј со каталонската екипа, но и покрај тоа вели дека си го остварил сонот.

„Играв за еден од најдобрите тимови во светот. Си го исполнив сонот, го облеков дресот на Барселона. Имавме 85 бодови на крајот на сезоната, но игравме против многу силен Реал Мадрид“, кажа Гундоган.