Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот ракометар Едуардо Гурбиндо требаше да биде големо засилување за Вардар, но само по два натпревари го напушта македонскиот шампион.
Гурбиндо пристигна како големо засилување и беше пречекан со еуфорија, како што кажа тренерот Веселин Вујовиќ, меѓутоа тој кажа дека во Вардар не го пронашол проектот кој му бил ветуван.
Шпанецот играше само во двомечот против ППД Загреб во четвртфиналето на СЕХА-лигата, па сега ќе ја продолжи кариерата во Динамо Букурешт за сума од 50.000 евра, кои ќе му припаднат на Вардар.