Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бошко Ѓуровски како фудбалер на Црвена Звезда имаше шанса со свои очи да види каков магионичар е Диего Марадона.
Поранешниот фудбалер на „црвено-белите“ одигра четири меча против легендарниот Аргентинец, кој почина вчера на 60-годишна возраст.
„Тој беше роден за фудбал, ако некој се роди да биде фудбалер, тогаш тоа е Марадона. Магионичар, уметник… Мислам дека дилема е само дали беше најдобар или еден од најдобрите“, вели Ѓуровски.
Ѓуровски се присети на дуелот со Марадона од 1982 година.
„Пред мечот во карантин бев во соба со кумот Рајко. И зборувавме пред дуелот, ни доаѓа најдобриот во свет за да покаже дека е најдобар. Кога го постигна голот, публиката три, четири минути аплаудираше. По натпреварот останавме на стадионот и зборувавме со кумот. Кога ќе излезеше на теренот и ќе го видите, тоа е исто како да гледате дека е сродна душа со топката“, вели Ѓуровски.