Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола зборуваше за неговите планови по завршување на договорот со Манчестер сити, кој важи до јуни 2027 година.
Гвардиола во интервју за „ЕСПН“ откри дека планира да направи пауза од фудбалот, а потоа ќе реши дали ќе се врати на работа или ќе се пензионира.
„Нека ме паметат како сакаат. Кога ќе ми заврши договорот со Сити, ќе земам пауза. Не знам дали ќе се пензионирам, но дефинитивно ќе паузирам од фудбалот“, кажа Гвардиола.
Шпанецот досега освои 18 титули со „граѓаните“, од кои шест беа во Премиерлигата.