„Гвардиола беше во својот свет“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн од Минхен во оваа година претрпе големи промени кога е во прашање стручниот штаб.

Од тимот од почетокот на годината замина шпанскиот стручнак Пеп Гвардиола, а го наследи Италијанецот Карло Анлелоти.

Напаѓачот на минхенскиот тим Томас Милер проба да ги спореди овие двајца одлични тренери.

„Анчелоти е малку поблизок со играчите. Пеп по малку беше во својот свет, цел ден размислуваше само како може да се движат играчите во одредена ситуација во натпревар на два или три метри, со цел да пронајдат совршено решение! Тоа беше позитивно лудо“, порача Милер и додаде:

„Анчелоти сака шеги и не прави гримаси“.

Да потсетиме дека Баерн вечерва ја започна Бундеслигата со победа над Вердер со резултат 6:0.