Гвардиола: Бразил? Нема шанси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Светските медиуми вчера шпекулираа дека Бразил ќе го ангажира Пеп Гвардиола од Манчестер сити во 2023 година и ќе му понуди четиригодишен договор со плата од 12 милиони евра.

Гвардиола, сепак, нема намера да го преземе кормилото на Бразил и тоа го кажа во разговор со англиските медиуми.

„Бразил има квалитетни тренери кои можат да го преземат националниот тим. Јас нема да го преземам… Крај на приказната“, вели Гвардиола.

Шпанскиот стратег претходно го поврзуваа и со неколку други репрезентации, меѓутоа засега нема потврда од негова страна дека ќе стане селектор откако ќе му заврши договорот со Манчестер сити.