Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд повторно го импресионираше светот откако вчера постигна два гола во Лигата на шампиони (ЛШ).
Во последните денови се појавија шпекулации дека Халанд сè уште е на листата со желби на Реал Мадрид и наводно има клаузула со која може да го напушти Сити по две сезони.
Гвардиола ги демантираше шпекулациите и кажа дека Халанд нема никакви клаузули во неговиот договор.
„Нема клаузула во договорот на Халанд за преселба во Реал Мадрид. Тоа не е вистина. Сигурен сум дека е пресреќен во Манчестер сити и ќе остане кај нас“, вели Гвардиола.
Халанд постигна неверојатни 19 гола во дресот на „граѓаните“ од стартот на сезоната во сите натпреварувања.