Гвардиола даде коментар за пијаните фудбалери: Ќе бидат казнети зашто не ме викнаа на вечера!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На социјалните мрежи се појави снимка како најскапото засилување на Манчестер сити, Џек Грилиш пијан излегува од ноќен клуб, а во негово друштво се Ријад Марез и Кајл Вокер.

Тренерот Пеп Гвардиола кажа дека фудбалерите ќе бидат казнети, но не само поради забавата, туку и затоа што не го викнале на вечера.

Иако на социјалните мрежи се појави снимка на која може да се забележи дека Грилиш е пијан и очигледно претерал со алкохолот, сепак Гвардиола реши да се пошегува со ситуацијата.

„Вознемирен сум. Не ме повикаа на забава. Следен пат ќе ме викнат. Видеото не покажува точно што се случи. Заедно вечеравме, но ќе бидат казнети затоа што не ме викнаа во ноќен клуб“, кажа искусниот тренер.