Гвардиола денеска ќе ѝ го зададе последниот удар на својата ѕвезда


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Манчестер Сити денеска ќе ја одигра својата последна натпреварувачка сезона која носи големи улоги, а една ѕвезда на клубот нема да биде ни малку среќна.

Денеска од 17 часот ќе се одиграат сите натпревари од последното, 38. коло на англиската Премиер лига.

На Крејвен Котиџ Фулам ќе ја пречека екипата на Манчестер Сити во натпревар кој има многу големи улоги за Граѓаните.

Доколку тимот на Пеп Гвардиола денеска не земе барем еден бод од оваа средба – може да остане без Лига на шампиони следната сезона.

Шпанскиот стратег денеска без сомнение ќе изведе состав кој според него е најсилен, а навивачите останаа шокирани од едно изоставување.

Англиските медиуми објавија дека една од најголемите ѕвезди на клубот – Џек Грилиш не отпатувал со остатокот од екипата за пресметката против Фулам.

Фото: Grok Ai