Гвардиола доби 200 милиони евра за две нови засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити е на добар пат да ја освои титулата во Премиерлигата, а очигледно имаат намера следната сезона да ја одбранат, па затоа тренерот Пеп Гвардиола доби 200 милиони евра за две засилувања.

„Дејли Мејл“ пишува дека две главни цели на „граѓаните“ се Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и капитенот на Астон вила, Џек Грилиш.

Халанд на лето ќе наполни 21 година, додека Грилиш има 25 години, а без сомнеж и двајцата ќе бидат големо засилување за тимот од Манчестер.

Доколку „граѓаните“ не го ангажираат Халанд, тогаш Гвардиола ќе се обиде да го купи Хари Кејн, кој не е задоволен во Тотенхем и сака да игра во Лигата на шампиони (ЛШ).