Гвардиола доби жесток одговор од Тебас: Да не беше економскиот допинг, ќе имаше ли толку титули?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Првиот човек од Ла Лига, Хавиер Тебас жестоко одговори на критиките на тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Гвардиола пред неколку дена го критикуваше Тебас поради тоа што клубовите од Ла Лига не се толку финансиски моќни како екипите од Премиерлигата.

Тебас реши да му одговори на Гвардиола, кој побара објаснување зошто Ла Лига заостанува зад Премиерлигата.

„Во минатите неколку години го намаливме заостанувањето зад Премиерлигата. Ла Лига продава ТВ права веќе седум години, додека Премиерлигата тоа го прави 30 години. Исто така, Велика Британија има 20 милиони жители повеќе од Шпанија. Ние растеме од година во година“, порача Тебас.

Гвардиола во претходниот период потроши многу пари на засилувања, но никако не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампиони со Манчестер сити.

„Грижи се за групацијата на Сити која има милијарда евра загуба во претходните години. Тие го уништуваат фудбалот. Ќе имаше ли ти толку титули без економски допинг?“, праша Тебас.