Гвардиола добил закана: Ако испаднеме од Реал, ќе си заминам од Манчестер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити ќе има тешка задача во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) бидејќи ќе се соочи против Реал Мадрид.

Доколку бидат елиминирани „граѓаните“, тогаш Пеп Гвардиола би можел да доживее голем удар затоа што еден од фудбалерите се заканил дека ќе си замине, а тоа е Кевин Де Брајне.

Англиските медиуми пишуваат дека Де Брајне наводно му кажал на Гвардиола дека ќе ги пакува куферите ако бидат елиминирани од ЛШ.

„Ако не го поминеме Реал, јас ќе заминам следното лето“, наводно кажал Де Брајне кој има договор со „граѓаните“ до јуни 2025 година.