Гвардиола добива нов командант во одбраната за 90 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити ги договори условите со хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, па сега следат преговори со Лајпциг за висината на откупната цена.

Пеп Гвардиола долго време го следи хрватскиот дефанзивец и сака да го купи, а Лајпциг бараше над 100 милиони евра за негов трансфер.

„Скај Спорт“ пишува дека Лајпциг, сепак, ќе попушти во преговорите и ќе го продаде Хрватот за 90 милиони евра бидејќи и самиот побарал трансфер кај „граѓаните“.

Ова најверојатно нема да биде последно засилување за Гвардиола, затоа што Манчестер сити ја разгледува и опцијата да го купи Ашраф Хакими од ПСЖ.