Гвардиола ептен е скромен: Сите сезони му биле неуспешни освен една со – Барселона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола веќе десетина години важи за еден од најдобрите тренери во светот, а најпрво почна со револуционерната „тика-така“ во Барселона, а продолжи во Баерн Минхен и Манчестер сити.

Гвардиола веќе неколку сезони го предводи Сити, а „граѓаните“ во моментов играат лошо и имаат двоцифрена негатива зад Ливерпул.

Пред мечот од ФА-купот, новинарите прашуваа дали оваа сезона на Сити е неуспешна затоа што третпат во серија нема да ја освојат титулата во Премиерлигата.

Искусниот тренер кажа дека сите сезони му биле неуспешни освен таа кога со Барселона освои шест трофеи во една година. станува збор за 2009 година кога на „Камп Ноу“ ги донесе титулата од Шпанија, шпанскиот Куп, шпанскиот Суперкуп, Лигата на шампиони, Светското клупско првенство и УЕФА Суперкупот.