Гвардиола ги пакува куферите: Манчестер сити го најде неговиот наследник?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пеп Гвардиола му соопштил на раководството на Манчестер Сити дека ќе замине на крајот на оваа сезона. По девет години Шпанецот го напушта клубот од Манчестер.

Раководството на Манчестер Сити е принудено да бара, ако тоа воопшто може да се каже, соодветна замена за Гвардиола. Немa премногу избор на пазарот, но едно име засега се издвојува.

Тоа е португалскиот стручњак Рубен Аморим. 39-годишниот стратег во моментов е првиот избор на челниците на „Граѓаните“.

Аморим и минатото лето беше често споменувано лице во Англија. Се поврзуваше со Ливерпул и Вест хем, но на крајот не се договори со ниту еден клуб.

Ливерпул по преговорите се одлучи за Арне Слот, Вест хем го избра Хулен Лопетеги, додека нешто порано беше кандидат и за Челси.

.