Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Манчестер Сити се наоѓа на седмото место на табелата во Премиер лигата пред традиционалниот „Боксинг деј“, со заостанување од 12 бода зад водечкиот Ливерпул. Тимот на Пеп Гвардиола се соочува со сериозна криза, откако претрпе три последователни порази, а статистиката за последните 11 натпревари покажува дури девет порази, што претставува голем удар за амбициите на клубот.
Следната шанса за „граѓаните“ да ја прекинат оваа негативна серија ќе биде на 26 декември, кога ќе се соочат со Евертон, екипата позната по својата борбеност.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на овој важен дуел, откри дека тимот ќе продолжи со интензивни тренинзи дури и на Бадник и Божиќ. Оваа одлука е диктирана од предизвиците на натпреварот против „сините“ од Ливерпул, но и од густиот распоред во Премиер лигата, кој е традиционално исполнет за време на празниците.
„Имаме повеќе повреди од кога било досега и размислував дека ни е потребен тим составен од 45 до 50 играчи за да можеме да го издржиме темпото. Секако, тоа би значело поголеми трошоци, особено кога ќе дојде летото, но можеби тоа е потребниот чекор за да се справиме со предизвиците,“ изјави Каталонецот.