Гвардиола го брани Артета: Нема подобар тренер за Арсенал во моментов!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола го пофали неговиот поранешен помошник од Манчестер сити и сегашен стратег на Арсенал, Микел Артета, кој се наоѓа под голем притисок поради лошите резултати.

Артета имаше одлични резултати заедно со Гвардиола во Манчестер, но сезонава со Арсенал го има најлошиот старт во историјата.

„Арсенал не може да најде подобар тренер кој ќе го води клубот во наредните години. Не треба да му давам поддршка, бидејќи тој веќе ја има, тој знае за тоа. Артета е секако еден од најдобрите тренери со кои некогаш сум работел, поради неговата личност, посветеност, љубов кон неговиот клуб. Јас сум прилично сигурен дека тој ќе промени се и ќе направи како што сите очекуваат. Понекогаш е потребно време кога клубот не е во најдобриот период. Да бев во управниот одбор на Арсенал, немаше да се сомневам во неговото ниво и способност“, кажа Гвардиола.