Гвардиола го исмејуваше ВАР: Каде беше кога ни требаше? На кафе?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвариола го исмејуваше ВАР-системот поради тоа што му беше поништен гол на неговиот тим против Тотенхем (2-2).

Сити во судиското надополнување постигна гол за 3-2 преку Габриел Жесус, но ВАР-системот потвди дека Лапорт играл со рака.

Пеп смета дека видео-системот му помогнал на Тотенхем, па ги оштетил „граѓаните“ откако не досудил пенал за нив во првото полувреме.

„Пенал во првото полувреме? Прашајте ги судиите зад голот. Потоа одете во Лондон да го прашате ВАР. Тоа беше пенал, но можеби тогаш луѓето од ВАР беа на кафе“, кажа Пеп.

Останува да видиме дали Фудбалската Асоцијација ќе реагира на коментарот на Гвардиола.