Гвардиола го избра најдобриот и изненади: Земете снимки и погледнете!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од почетокот на тренерската кариера Пеп Гвардиола тренираше некои од најдобрите фудбалери во светот. Уште кога седна на клупата на Барселона веднаш доби силна екипа со која ја освои Шпанија, Европа и светот.

И додека го предводеше Баерн Минхен, тимот имаше квалитетни фудбалери, а исто е и со Манчестер сити каде што е веќе пет години.

Гвардиола даде интересен одговор на прашањето кој е најдобар во Премиерлигата, откако се одлучи за Бернардо Силва кој постигна фантастичен гол во победата против Астон вила.

„Најдобар е. И во сезоната кога освоивме 98 бодови пред две-три години, тој беше најдобар. Земете ги снимките и погледнете“, кажа Гвардиола.