Гвардиола: Го купивме Грилиш зашто ни кажаа дека Меси ќе остане во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити потроши 117 милиони евра на Џек Грилиш, кој го купи од Астон вила и го направи најскапиот трансфер во историјата на англиската Премиерлига.

„Граѓаните“ беа заинтересирани и за Лионел Меси, но се шпекулираше дека Аргентинецот ќе потпише нова соработка со Барселона, па поради тоа Манчестер сити се откажа од трансферот.

Меѓутоа, Барселона синоќа објави дека Меси нема да остане во екипата, а денеска Пеп Гвардиола го искоментира заминувањето на Аргентинецот од каталонскиот гигант.

„Го купивме Грилиш и потрошивме многу пари затоа што сме убедени во неговите квалитети, но исто така ни кажаа дека Меси ќе остане во Барселона, па сега тој не е во нашите планови“, вели Гвардиола.