Гвардиола го повика во канцеларија на состанок и му ја кажа болната вистина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола е познат како тренер кој не штеди пари на засилувања, па така во претходните години имаше неколку големи трансфери, а еден од нив е Џек Грилиш.

Овој 27-годишен фудбалер пристигна во Манчестер сити во 2021 година за 120 милиони евра од Астон вила, но не ги оправда очекувањата.

Цената на Грилиш во моментов изнесува околу 60 милиони евра, односно двојно помалку од тоа што го платија „граѓаните“.

Во изминатите недели се појавија шпекулации дека Грилиш во јануари ќе си замине од тимот, а британски „Сан“ објави дека Гвардиола и англискиот репрезентативец веќе разговарале за тоа дека фудбалерот повеќе нема да биде во првиот состав.

Грилиш по разговорот со Гвардиола разбрал дека му е најдобро да си замине од екипата ззатоа што нема намера да седи на клупата за резерви.