Гвардиола: Го заменив Халанд за да не го урне рекордот на Меси во ФА-купот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити обезбеди полуфинале во ФА-купот, откако го прегази Барнли со 6-0, а Ерлинг Халанд повторно постигна хет-трик.

Пеп Гвардиола реши да го замени Халанд по третиот гол против Барнли, а потоа реши да се пошегува со критичарите.

„Халанд постигна осум гола во четири дена. Јас во Барселона играв 11 години и постигнав само 11 гола. Нормално дека го заменив Халанд по хет-трикот за да не го урне рекордот на Меси во ФА-купот“, се пошегува Гвардиола.

Гвардиола го замени Халанд претходно и во дуелот со Лајпциг, откако Норвежанецот постигна пет гола.